Кавадарци Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кавадарци Форум

Кав'даречки форум за дискусии
 
HomePortalLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Фан клуб: ИНТЕР

Go down 
2 posters
АвторПорака
Дон Ристовски
Администратор
Дон Ристовски


Број на мислења : 76
Join date : 2009-09-08
Age : 29
Местолокација : Кавадарци

Фан клуб: ИНТЕР Empty
ПишувањеПредмет: Фан клуб: ИНТЕР   Фан клуб: ИНТЕР Icon_minitimeВто Сеп 22, 2009 4:07 pm

F.C. Internazionale
Фан клуб: ИНТЕР 94583512




Клубски историјат:

Историјата не навраќа наназад се до корените на црно-сината фурија во 1908 во ресторанот L’orologioкога на 9 март група на бунтовници од Mилано одлучија да се спротистават на единствениот клуб во Милано-Mилан кој не дозволуваше во својот тим да играат странци.Резултатот на овој протестен собир во ресторанот резултираше со креирањето на еден од најголемите клубови во светската историја фудбалскиот клуб Фудбалски клуб - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕ МИЛАНО.

Првото Скудето

Првото скудето е освоено две сезони после креирањето на клубот во 1910 година,второто следело 10 години покасно во 1920 година.


Првиот италијански куп е освоен во 1938-1939 на чело со големиот Џузепе Меаца.


После втората светска војна Интер тргнува со незапирливо темпо кон освојување на титулите 1953 го освоиле шестото скудето а веќе следната година ја одбраниле титулата, овие генерација го предвестувале она што допрва доаѓало-La GRANDE INTER(Големиот Интер).


На чело со дарежливиот Ангело Морати и со тренерската палка на Хеленио Херера, Интер ја достигнува светската слава.


Златните времиња допрва доаѓале а секоја година нов трофеј бил носен во трибините.


1963,1964,1965 се трите години по ред кога Интер успеа на својот дрес да ја закачи жолтата ѕвезда како втор тим во италија со над 10 титули, а како шлаг на тортата дошле и двете европски титули во тогашниот куп на победниците на куповите(денес ЛШ).


Со заминувањето на Херера од Интер и напуштањето на Морати од главното место директор на Интер, работите полека замреа и интер влезе во темница.


Од 1969 до 1990 Интер успеа да влезе до финалето на Купот на победниците на куповите уште два пати но ги загуби и двете финалиња.


И покрај големите вложувања во играчи на тимот Интер успеа само уште три пати да се искачи на тронот на италија и да го подигне пехарот.


Почнувајки од 1989 до 2005 Интер на европски план доби три трофеи во уефа купот а во италијанската лига после тринаесеттата титула како малер да ги биеше сите Интеристи и никако Интер не успеа да ја освои титулата.


Секоја година успеваше да биде втор или трет но никако прв.


Ова се случуваше се до 2006 година кога избувна калчополи скандалот.


Екипите на Јувентус,Милан,фиорентина,Лацио и реџина добија казнени поени и делегирање во втората односно третата лига(после жалбата најголемиот дел се извлекоа само со казнени поени).


Тогашниот претседател на Јувентус Лучијано Моџи доби затворска казна а неговиот Јувентус најголемиот срам што некоја екипа може да го добие-делегирање во сериа Б и бришење на две титули од контото од кои една заврши во рацете на Интер.


Со јувентус во втора лига и Милан со казнени поени на Интер му остана само да ја освои титулата и да го направи она што дотогаш никој не го сторил 17 утакмици врзани со победа.


Следната сезона Интер го урна и рекордот по освоени поени во една сезона-97 поени и побвторно освојување на тронот 15 пат по ред.


Следната 2007-2008 Јувентус се поврати од втората лига а Милан најави жестока борба за скудетото тука се надоврза и Рома која секоја година му задава проблеми на Интер и редовно се бори за повисок пласман.


Но Интеристите како да не ги интересираше тоа, нивната цел Тројна титула зацртана во главата на Масимо Морати и повраќањето на златна ера беше се што се важеше.


Но 2008 година и не беше така сјајна, со поразот на домашен и гостински терен од ливерпул под сомничави работи ги заматка плановите.


Овој пораз доведе до распад и несогласување внатре во екипата караници помеѓу тренерот Манчини и играчите, иако сите го негираа тоа целиот свет знаеше дека “нешто е труло во државата данска”.


Крајот на Сериа А ветуваше барем сигурен трофеј, сепак Рома успеа да се приближи кон интер на само 31 бод пред последната утакмица.


Интер веќе го загуби Италијанскиот куп од рома но не беше спремен да падне под притисокот и да потоне се во вода.


Со маестралната игра на шведскиот босанец Златан Ибрахимовиќ-Интер ја освои и шеснаесеттата круна на италијанскиот фудбал.


Следната недела роберто Манчини доби отказ а на негово место го наследи контроверзниот Хозе Марио Мурињо.


Португалецот на Интер му вети успех и трофеи и е на добар пат да ги задоволи страстите на сите интеристи.


Трае вториот дел од италијанската сериа А, Интер е прв со 9 поени разлика од најблискиот конкурент,сеуште е актуелен во лигата на шампиони каде го чека жесток дуел со светскиот и европски првак манчестер јунајтед, а тука е и италијанскиот куп во кој не очекува дуелот со сампдорија.



Факти за името на клубот:
Фудбалскиот клуб Интер во својата историја се појавил и под други имиња.На денот на своето основање бил крстен Интер за да се означи мултинационалноста на тимот!
1908.Официјалното име е F.C.Internazionale Milano кое стои во сите европски и светски федерации каде што членува тимот.
1928. AS Ambrosiania-Inter е терминот под кој тимот мора да настапува во италијанската лига поради фашистичкиот поредок кој бил воведен тогаш во Италија.
1929.A.S.Ambrosiana е ставено како официјално име на тимот но поради жалбите на навивачите и непрестаното извикување Интер Интер на утакмиците го натерало тогашниот претседател да го врати терминот AS Ambrosiania-Inter.
1945.Веднаш после втората светска војна клубот го промени своето име во почетната форма F.C.Internazionale Milano.
1908.Inter-milan е името под кое е познат тимот во англо-фонскиот свет за да се огради од терминот Интер.

Дресови

Во својата историја Интер секогаш ги користел своите црно-сини бои. Сината го претставува небото а Црната ја претставува ноќта. За време на фашистичкиот период кога Интер го носеле името Амброзиана дресовите биле бели со црвен крст на средината што го претставува знамето на градот Милано. Овој дрес беше носен и во сезоната 2007-2008 за да се означи сто-годишнината од постоењето

Прекари:

Nerazzurri - или црно-сините е прекарот под кој најчесто е именува овој тим-прекарот доаѓа од бојата на дресовите.
I biscione - или големата змија е вториот прекар на тимот.прекарот доаѓа од италијанската хералдика во која змијата ја претставувала фамилијата Сфорца(фамилија која владеела со поголемиот дел од Италија и Милано).

Навивачи

Како и секој голем клуб што би бил Интер без своите верни фанови.Луѓето кои дури и своето срце би го дале за Интер се нарекуваат себеси
Boys-Sanгрупа формирана во 1969 година и секоја утакмица на Сан сиро ја прави спектакуларна со своите бои.
Други познати групи кои редовно се на трибините за својот интер се Viking, Irriducibili, Ultras, and Brianza Alcoolica..
Исто така важно е да се напомене дека Интер одсекогаш бил најподдржуван од буржоазијата во Милано за разлика од нивниот сосед милан чија навивачка екипа се состои од работничка класа.
Вратете се на почетокот Go down
https://kavadarciforum.macedonianforum.net
Phoenix
Модератор
Phoenix


Број на мислења : 22
Join date : 2009-09-21
Age : 31
Местолокација : Kavadarci, Macedonia

Фан клуб: ИНТЕР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фан клуб: ИНТЕР   Фан клуб: ИНТЕР Icon_minitimeВто Сеп 22, 2009 6:51 pm

Готови сте ваа сезона че ви го земиме Scudetoto Very Happy Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Дон Ристовски
Администратор
Дон Ристовски


Број на мислења : 76
Join date : 2009-09-08
Age : 29
Местолокација : Кавадарци

Фан клуб: ИНТЕР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фан клуб: ИНТЕР   Фан клуб: ИНТЕР Icon_minitimeВто Сеп 22, 2009 7:41 pm

Ќе видиме Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://kavadarciforum.macedonianforum.net
Sponsored content





Фан клуб: ИНТЕР Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фан клуб: ИНТЕР   Фан клуб: ИНТЕР Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Фан клуб: ИНТЕР
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Кавадарци Форум :: Спорт :: Фудбал :: Фан Клуб-
Отиди до: