Енциклопедијата причина за палење на знамето
Знамето го запалиле навивачите на фудбалскиот клуб Приштина
Со палење на знамето на Република Македонија и со слогани каде што Македонија беше наречена „Манкиманија“, или земја на мајмуни.
Вака се одвиваше фудбалскиот натпревар меѓу две фудбалските екипи на Приштина и Влазними на градскиот стадион во Приштина.
Инцидентот се случил вчера, а знамето среде натпреварот го запалиле навивачите на фудбалскиот клуб Приштина. Во косовската полиција за А1 изјавија дека за случајот слушнале но никој не го пријавил, затоа и немаат предмет за истрага.
„За овој случај ние немаме информации. натпреварот го обезбедуваше регионалната управа во Приштина. Ние нив денес ги контактиравме, и тие немаат никаква информација дека нешто се случило. Истовремено, не демантираме дека тоа се случило, но до денес немаме никаков пријавен случај“, изјави Брахим Садрија, портпарол на КПС.
Политичкиот аналитичар Халил Матоши, вели дека ова се случува поради несмислени изјави на политичарите дадени по промоцијата на македонската енциклопедија, но изјавува дека овој инцидент е изолиран случај.
Брахим Садрија
„Овие реакции се случија заради несмислени изјави на политичките лидери во Албанија, Косово и во Македонија, коишто практично поттикнаа без повод масите да направат нешто против македонските симболи и Македонците. Ова е несмислено однесување, но верувам дека не треба да се случи во иднина, а што се однесува до инцидентот тој е изолиран случај на еден спортски натпревар“, вели Халил Матоши, политички аналитичар.
„Енциклопедијата е антиалбанска. Силување на историјата. Се знае кој е автохтон во овие краишта, така што таа треба да се повлече“.
„Таа го вреѓа целиот албански народ. Нас не викаат луѓе од планина. Што да кажам друго, ова е големо омаловажување“.
„Навистина ова е претерано во секој аспект. Но нека го решат проблемот академиците и политичарите, бидејќи се влошува ситуацијата без никаква потреба“, велат анкетираните граѓани на Приштина.
По се изгледа, изјавата на поранешниот албански премиер Мајко, дека Албанците имаат право да го запалат македонското знаме, младите во соседно Косово го сфатиле сериозно. Протести против делови на енциклопедијата каде се навредуваат Албанците најави и НДУ на Хисни Шаќири за во четврток, изјавувајќи дека нема да нареди да се запали знамето, но ако тоа се случи нема да ја земе одговорноста.
Извор: А1