мериканската тајна служба врши истрага на онлајн анкетата, која бара одговор на прашањето дали треба да биде убиен претседателот на САД Барак Обама, истакна портпарол на службата, одговорна за безбедноста на шефот на државата.
Како одговор на прашањето се понудени четири можности: „Не“, „Можеби“, „Да“ и „Да, доколку ги укине здравствените услуги“.
Анкетата е објавена во саботата на популарниот сајт „Фејсбук“ и по добиените предупредувања веднаш потоа била отстранета.
„И покрај тоа тајната служба го проверува случајот, бидејќи сериозно се однесува кон секоја закана по животот на претседателот“, објасни портпаролот на службата.
Претставник на „Фејсбук“ потврди дека анкетата не е поставена од сопствениците на сајтот, туку од корисник чиј пристап до страницата е прекинат. Одговорите на прашањето не можат да бидат прочитани.
Од „Фејсбук“ изразиле подготвеност да соработуваат со тајните служби за пронаоѓање на авторот на прашањето.