Па вака .. за мене би рекол: Рапот е тоа шо го слушам и правам, хип хопот е тоа шо го живеам.
Поголем број од денешниве рапери, ако можам така да ги наречам, мислат односно веруваат дека хип хоп е само музиката која ја слушаат од некои познати изведувачи кои ги чуле од некој ...
За мене хип-хопот претставува КУЛТУРА која опфаќа многу повеќе, а не само музиката, како што се на пример графитите, брејкденсот, диџеите (преку кои се развивала хип хоп културата) и многу други работи...
Со еден збор ХИП ХОП ЖИВЕАМ !
Сум слушал и разни други срања во врска со рапот, како што се на пример: Еј, ти нема шанси да си рапер, не носиш широко ! .. Облеката нема врска со хип хоп културата, според мене хип хопот е во срцето, умот и во душата, а не во изгледот... Може залетав малце, а можев да кажам на кратко дека хип хопот се живее .. но тоа е тоа, се занесов !
Јас го кажав моето, а од вас очекувам ваши коментари, критики, пофалби и се останато.
Поздрав !